Роберт Кенеди Џуниор официјално објави дека ќе се кандидира за претседател на САД
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2023/10/kenedi.jpg)
Роберт Кенеди Џуниор официјално објави дека ќе се кандидира за претседател на Соединетите Американски Држави (САД) како независен кандидат.
„Тука сум да се прогласам за независен кандидат за претседател на САД“, рече Кенеди со аплауз и скандирања на митингот во Филаделфија.
Зборувајќи за двопартискиот систем, Кенеди „удри“ на Бајден и на Трамп, за кои се предвидува дека ќе ги добијат номинациите на нивните соодветни партии.
Кенеди истакна дека повеќето Американци веруваат дека Бајден е „премногу стар“ за да се кандидира. Тој додаде дека Трамп се соочува со неколку кривични пријави.
Пред да ја објави својата кандидатура, Кенеди им се заблагодари на сопругата и децата, неговиот изборен штаб и другите членови на неговото семејство. 69-годишникот претходно се кандидираше за номинацијата на Демократите за претседател и е единствената личност што го предизвика Џо Бајден за номинацијата.
Кенеди не е единствениот кандидат кој се кандидира како независен кандидат на претседателските избори во САД.
На изборите во САД како независен кандидат се бори и академикот и активист Корнел Вест. Вест претходно се кандидираше за претседател на САД како кандидат на Зелената партија, но минатиот четврток се откажа од партијата.
Кенеди е член на познатото политичко семејство Кенеди и братучед на Џон Фицџералд Кенеди. Тој во минатото имаше негативна реакција од јавноста заради ширење антисемитски теории на заговор како и дека Ковид-19 е дизајниран да ги поштеди кинезите и ашкенаските Евреи.