РКЕ: Одземањето на лиценцата на „Тритерол петрол“ е согласно Законот за енергетика
Од Регулаторната комисија за енергетика, преку соопштение до медиумите реагираат на информацијата дека за претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, од страна на Финаниската полиција е поднесена кривична пријава до Обвинителството за злоупотреба на службената положба и овластување.
Соопштението од РКЕ го пренесуваме во целост:
„Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени за соработка со сите институции со цел да се расчисти посочениот случај кој е споделен во јавноста од страна на Финансиската полиција.
РКЕ ја информира јавноста дека во конкретниот случај за постапката за одземање на лиценца на ‘Тритерол петрол’ е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, со тоа што на ист начин и во исти рокови е постапено и за други компании баратели на лиценци.
РКЕ нема да коментира детали со цел да остави институциите на системот професионално да си ја вршат работата“, се вели во соопштението од РКЕ.