РКЕ ги задолжи БЕГ дистрибуција и ПУИГ да се произнесат по барањето за лиценца на ГЕС


Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги задолжи Балкан енерџи груп (БЕГ) дистрибуција и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ПУИГ) да се произнесат за постапката за издавање лиценца на Градски енергетски системи (ГЕС) за дистрибуција на топлинска енергија во Град Скопје.

Задолжението, како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на денешната прес-конференција, им го дале на состанокот што се одржа во понеделникот.

-Ги задолживме БЕГ дистрибуција и ПУИГ да се произнесат во однос на барањето на ГЕС за добивање лиценца. Кога ќе ги добиеме нивните одговори ќе ја информираме јавноста до каде е, и што се случува со оваа постапка, рече Бислимоски.