РК „Алкалоид“ ги пушти во продажба билетите за финалето со „АЕК“

РК Алкалоид информираше дека веќе се пуштени во продажба билетите за натпреварот РК Алкалоид и АЕК и ќе чинат 200 и 300 денари.
„Билетите за финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу екипите на РК Алкалоид и АЕК што ќе се игра на 25 мај во салата „Борис Трајковски“ се пуштени во продажба. Продажбата на билетите се реализира преку продажната мрежа на „МКТикетс“, а цената на билетите е 200 и 300 денари“, стои во објавата на клубот.
Натпреварот кој што ќе го даде освојувачот на Европскиот Куп се игра в недела, со почеток од 20:30 часот.