Ристоска: СЈО се уште постои, верувам дека ќе се најде извесно законско решение
Специјалното јавно обвинителство се уште постои, се уште функционираме. Според законот за СЈО до септември 2020, изјави денеска обвинителката од СЈО Ленче Ристоска пред судското рочиште за случајот „Талир“.
– Верувам дека ќе најдат начин. Јас се уште не губам надеж и верувам дека ќе се најде извесно законско решение, рече Ристоска, додавајќи дека многупати досега укажувале на важноста од носењето на законот за јавното обвинителство.
Најави дека во текот на денот, СЈО ќе излезе со официјално соопштение за содржината на дописот од јавниот обвинител и за сето она што треба да го соопштат како информација.
– Во овој момент не би можела ништо да ви соопштам. Последните консултации со колегите ќе ги направиме денеска и ќе објавиме официјален став на Обвинителството, рече Ристоска.