Ристоска: Поединците не го отсликуваат СЈО


Апел за побрзо расчистување на случајот „Рекет“, но и почитување на пресумцијата на невиност побара денеска специјалната обвинителка Ленче Ристоска, на прес-конференција, што ја свика СЈО откако вчера Јавното обвинителство го отвори случајот, беше одреден притвор за Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, а претходно Катица Јанева поднесе оставка, и заради исрагата и беше одземен мобилниот телефон.

– Стоиме зад работата што досега е завршена, ве уверувам дека сите предмети по кои се постапува се професионално водени и не се загрозени постапките. Наш примарен интерес е зачувување на интегритетот на СЈО и секогаш сме постапувале на ниво на задачата за справување со криминалот. Внимантелно го следиме сите случувања и сме подеднакво загрижени, но истовремено повикуваме да се почитува презумцијата на невиност. Сите ве уверувам дека дејствијата на поединци не ги отсликуваат сите во СЈО и не смее да ги доведат под прашање интегритетот и постапките кои се видени досега, истакна Ристоска.

Посочи дека зборува во име на сите обвинители и целиот истражителски тим на СЈО. Ристевска не даде директни одговори на прашањата поврзани со Јанева, нагласувајќи дека има активна истрага и оти Обвинителството за организиран криминал и корупција е надлежно за овој случај.

Таа лично ниту денеска ниту вчера не се сретнала со Јанева, а за нејзината оставка обвинителите во СЈО дознале кога било објавено во јавноста.

Фото: Б. Грданоски