Рикер: Србија и Косово да продолжат со дијалог, САД подготвени да се вклучат

Тој за „Глас на Америка“ истакна дека за евентуално посилна улога на САД во преговарачкиот процес, неодамна разговарал и со првиот човек на Стејт департментот, Мајк Помпео.
– Ние блиску соработуваме со партнерите на ЕУ. Јас бев вклучен во раната фаза на дијалогот, кој се водеше согласно Бриселскиот договор, за кој сметам дека направи голема разлика во функционирањето на животите, воспоставувањето темпо и намалување на тензиите во регионот во изминатите пет години, нагласи Рикер.
Моментно највисокиот официјален претставник во Стејт департментот кој се занимава со Балканот изрази верување дека двете страни имаат волја за наоѓање решение, со што ќе придонесат за стабилност и просперитет на Западен Балкан.
Американскиот дипломат како модел за решавање на прашањата во регионот, „кои со векови не можеле да се решат“, ги наведе лидерите на Грција и на Северна Македонија, Алексис Ципрас, сега веќе поранешен премиер, и Зоран Заев.