Ридли Скот е прв филмаџија добитник на новата награда Cartier Glory на Мостра


Италија– Славниот британски режисер и продуцент Ридли Скот (“Gladiator,” “Blade Runner,” “Alien”) ќе ја добие „ Cartier Glory to the Filmmaker award“ на 78 -от меѓународен филмски фестивал во Венеција (1 – 11 септември).

Наградата е посветена на уметник кој дал особено оригинален придонес во современата филмска индустрија. Церемонијата за Скот ќе се одржи на 10 септември во Сала Гранде (Палацо дел кино) пред премиерата на неговиот нов филм „„The Last Duel” со Мет Дејмон, Адам Драјвер и  Бен Афлек кој се натпреварува вон конкуренција.

„Неговиот личен пристап кон жанровски филмови, кој успешно ги усогласува барањата за забава, очекувањата на пошироката јавност и барањата на критичарите, е најзначајниот елемент во снимањето филмови на Ридли Скот“, рече директорот на фестивалот во Венеција, Алберто Барбера. „Во текот на неговата неверојатна и плодна кариера, која брои само триесет филмови , Скот ја покажа својата способност лесно да се снаоѓа низ најразличните жанрови, инјектирајќи нова животна крв во секој од нив“.

„ Картие е горд што му се придружи на Филмскиот фестивал во Венеција во чест на извонредната работа на Ридли Скот, талентот и особено оригиналниот придонес во современата филмска индустрија“, рече Арно Карез, главен маркетинг менаџер во луксузната куќа за накит, Картие. „Ридли Скот го збогати светот на киното со своите продукции од 70 -тите години и недвосмислено стана потпора во современото уметничко творештво“.

„The Last Duel” е приказна за предавство и одмазда поставена во Франција во 14 век и е продуцирана од студиото „20th Century“. (Варајати)