Ричард Гир се појави на брод со илегални мигранти во Медитеранот
Италија- Славниот холивудски актер и активист Ричард Гир по прес – конференцијата на италијанскиот остров Лампедуза каде зборуваше за мигрантската криза, се качи на бродот полн со илегални мигранти Open arms (Отворени раце) кој стои заглавен во Медитеранот и ја поддржа илегалната миграција во Европа!
“Најбитното нешто за овие луѓе е да дојдат до слободно пристаниште, да се симнат од бродовите, да дојдат на земја, да почнат нов живот и да бидат згрижени”.
На ова реагираше италијанскиот вицепремиер Салвини кој му се заблагодари на Гир и му порача да ги земе мигрантите со својот приватен авион и да ги однесе во неговите луксузни вили.