Рибакина убедливо ја совлада првата светска тенисерка Сабаленка

Руската тенисерка која игра под знамето на Казакстан Елена Рибакина ја надигра првата светска тенисерка Арина Сабаленка. Таа во четвртфиналето на Мастерсот во Синсинати на противничката и препушти само пет гема и мечот го доби во два сета 2:0 (6:1 и 6:4).
Нејзина ривалка во полуфиналето ќе и биде Ига Швјонтек од Полска која со истиот резултат 2:0 во сетови (6:3 и 6:4) ја совлада Ана Калинскаја од Русија.
Во другите два четвртфинални меча ќе играат: Варвара Грачева (Франција) – Вероника Кудерметова (Русија) и Јасмин Паолини (Италија) – Коко Гоф (САД).
Победничките ќе го формираат вториот полуфинале пар.