Во Брисел ресторани во мрак, мени без струја и седење со кебиња
Eнергетската криза во Европа ја умртвува живата сцена на ресторани во Брисел, принудувајќи ги сопствениците да смислуваат креативни решенија за да останат во функција и да ја притискаат владата да обезбеди финансиска поддршка.
Група бриселски ресторани неодамна ја покренаа иницијативата „Брисел во мрак“ така што служеа оброци без да користат енергија за да го свртат вниманието на владата и јавноста на вртоглавите цени, кои предизвикуваат превирања во малите бизниси. Други, пак, ги изменија менијата и го намалија бројот на вработени, додека се борат да ја преживеат енергетската криза предизвикана од војната на рускиот претседател Владимир Путин против Украина – веднаш откако индустријата беше погодена од повеќе од една година строги заклучувања за Ковид.
„Секој ден го плаќам долгот од корона кризата и сега морам да се справам со енергетската криза“, рече коосновачот на „Брисел во темнина“, Пјер Милор, кој го води хит ресторанот Liesse во Сент Жил. Милор додаде дека на моменти размислувал за затворање, што некои пекари и продавници веќе биле принудени да го сторат.
Федерацијата Хорека, која претставува 300.000 Белгијци вработени во туристичката индустрија, бара намалување на придонесите за социјално осигурување за нивните бизниси во 2023 година, привремено намалување на ДДВ на 6 отсто во следните три квартали и побрзо исплатување на помошта. Во меѓувреме, градот Брисел даде уште една понуда: ќебиња.
Градот го започнал овој пилот проект во декември, дистрибуирајќи 600 воки – како што ги нарекуваат локално одржливо произведените ќебиња – во кафулиња, ресторани и хотели со тераса на отворено, во обид да им помогне да го намалат надворешното греење. Идејата беше да се создаде нешто „позитивно“ во светло на климатската криза и војната во Украина со цел да се осигура дека можеме да се пие надвор без да се уништува климата и истовремено да се штеди енергија. Доколку проектот биде успешен по тест фазата која завршува во март, тој ќе биде масовно проширен за следната зима. Оние што користат надворешни греалки можат да заштедат значителна количина на енергија во зависност од нивниот енергетски договор.
Но, не е јасно колку места всушност користат надворешни греалки. Врз основа на истражувањето на ПОЛИТИКО спроведено околу омиленото место за спбирање по рабониот ден во институциите на ЕУ, Плоштадот Луксембург, многу места кои теоретски имаат надворешни греалки, не ги користат.
Некои сопственици на ресторани низ Брисел се и бесни поради оваа иницијатива на градот, при што Мано де Робеано од Le Petit Mercado во Сент Жил – чија сопруга и косопственичка Пиа Ренаудат е една од основачите на „Брисел во темнината“ – ја нарече „навреда за луѓето кои работат во ресторани“.
Трошоците за енергија се три пати повисоки од вообичаеното, велат Де Робеано и други, а фактот дека најголемата употреба на енергија се случува во кујната покажува колку се „исклучени“ политичарите кога предлагаат иницијативи како што е делење ќебиња, додава тој.
Георгиос Киријакакос, менаџер на La Pizza è Bella Cocktail, италијански ресторан на Плоштадот Лондон, истакнува уште еден проблем: помалку клиенти.
„Не сме само ние што имаме повисоки сметки, нашите клиенти имаат исто така, така што немаат премногу пари за трошење надвор“, рече тој, посочувајќи го маѓепсаниот круг за угостителскиот сектор.
Но, наместо да се откажат, некои сопственици на ресторани стануваат креативни додека се борат за опстанок. Алесандро Миранда, кој води ресторан именуван по неговото семејство во Шатлен, го приспособил менито со високите цени за енергија со таканаречените техники на ладно готвење, за да избегне максимално користење на електрична енергија. Неговото мени сега вклучува тартар од елен како варијација на сурово месо и суров зеленчук, мариниран со сол, оцет, шеќер и зачини.
„Како готвач, се предизвикувам себеси да истражувам нови, поодржливи начини на готвење“, рече Миранда, коај сака да даде „активен“ придонес во борбата со енергетската криза.
Во меѓувреме, регионалната влада во Брисел планира да обезбеди финансиска поддршка за секторите кои се најпогодени од енергетската криза – но понатаму. Барбара Трахте, бриселски државен секретар за економска транзиција, од франкофонската партија Еколо, свесна за климата, рече: „Работиме да и помогнеме на економијата во Брисел“. Планот, рече таа, е да се обезбеди поддршка за индустриите кои се најмногу оштетени од зголемените цени на енергијата, како што е идентификувано во студијата во јули, вклучително и угостителскиот сектор. Ова вклучува субвенција од буџет од 117 милиони евра за покривање на 30 отсто од „дополнителните трошоци“ врз основа на споредба на овогодишните сметки со оние од 2021 година. Мерките како заемот кој има за цел да ја намали потрошувачката на енергија на малите бизниси – треба да помогне да се забрза енергетската транзиција на подолг рок, додаде Трахте.
Поддршката треба да биде достапна од почетокот на 2023 година, но опозициските политичари, како Жил Верстраетен од фламанската националистичка партија Н-ВА, се пожалија дека деталите се нејасни и дека поддршката пристигнува премногу доцна. Од своја страна, Милор се плаши од најлошото.
„Без итна поддршка, рече тој, бриселската прехранбена сцена тогаш ќе биде само мусака надвор од сезоната испорачана од неплатени доставувачи или од ресторани кои прават модри патлиџани на нивните покриви и ги продаваат за 100 евра“. (Политико)