Републикански сенатор се огради од Трамп, смета дека Путин треба да биде погубен!


Двајца истакнати републикански сенатори, сенаторот Роџер Викер од Мисисипи и сенаторот Џон Кенеди од Луизијана, го критикуваа рускиот претседател Владимир Путин и се чини дека се разидоа со претседателот Доналд Трамп во врска со преговорите за  ставање крај на војната во Украина. Викер, кој е и претседавач на Комитетот за вооружените сили во Сенатот, порача дека Путин треба да биде осуден, па и егзекутиран.

„ Не, на Путин не може да му се верува. Тој е ВОЕН ЗЛОСТОРНИК. Тој треба да биде во доживотен затвор – или дури и да биде погубен“ – рече Викер.