Рекордно топло време на северната страна на Алпите на првиот ден од 2023 година


 

Рекордни температури беа измерени на северната страна на Алпите во Швајцарија и Лихтенштајн на првиот ден од 2023 година.

Во малиот северен швајцарски град Делемон и главниот град на Лихтенштајн, Вадуц, во неделата се измерени над 20 степени Целзиусови, објави Метеоњуз.

Претходниот рекорд во јануари беше измерен на 12 јануари 1993 година во Луцерн кога беше 19,4 Целзиусови степени.

Во Делемон во неделата беше 20,9 степени.

Вкупно 36 мерни станици измериле локални максимални температури на Нова година.