Рекордни вредности на рубљата во однос на доларот и еврото


Рубљата се врати на рекордно ниво во однос на доларот и еврото

 

Руската рубља и покрај валутните ограничувања, продолжи да зајакнува на Московската берза, ажурирајќи ги повеќегодишните највисоки вредности во однос на еврото и доларот.

Курсот на доларот на аукцијата падна под 58 рубли: во 10:59 часот по московско време, еден долар вредеше 57,85 рубли. Ова е најнискиот курс од април 2018 година.

Курсот на еврото во исто време падна на 59,97 рубљи, што беше најниско ниво во последните пет години. Последен пат европската валута падна на такви вредности во април 2017 година.

Според РИА Новости, растот на рубљата е поврзан со „невообичаено силен платен биланс на Русија“, валутните ограничувања на Централната банка и подготовка на компаниите за даночни плаќања на 25-27 мај.