Рекордна задолженост на Германија

Германија се соочува со рекорден долг од 2,38 билиони евра, кој продолжува да расте оваа година.
На ова се придружуваат дополнителни 100 милијарди евра планирани за војската.
Со тоа новиот долг на Германија ќе се зголеми на 2,619 билиони евра.
Официјалните лица се надеваат дека економијата ќе може да закрепне и дека земјата ќе може да ги враќа заемите преку приходите.
Доколку тоа не успее, според експертите, единствениот излез остануваат зголемувањето на даноците, мерките за штедење и дополнителното задолжување.
Шефот на Економскиот институт Ифо, Клеменс Фуест, посочува дека се уште има „скриени“ долгови, кои претставуваат товар за буџетот.
„Така, правата на пензии на државните службеници се акумулираа во милијарди. Државата, бидејќи не создаде посебни фондови за ова, ќе мора овие скапи пензии да ги покрива од даночните приходи“, објасни Фуест.
Тој посочува дека големите долгови го спречуваат намалувањето на даноците.
Експертите предупредуваат дека каматните стапки на државните обврзници ќе растат во наредните години, што дополнително ќе ја зголеми задолженоста.