Рекорден број заразени во БиХ од почетокот на епидемијата, близу 300


 

Во последните 24 часа во БиХ региsтрирани се нови 289 заболени од корона вирус, што е рекорден број од почетокот на епидемијата од корона вирус.

Вкупно заболени има 5.180, а починаа 191 пациент.

Во федерацијата БиХ тестирани се 1.288 примероци, од што 186 се позитивни на Ковид-19.

Во Република Српска во последното деноноќие тестирани се 543 лица, а корона вирусот е потврден кај 103 луѓе.