Рекорден број новозаразени во Србија, во Словенија 41 починати пациенти

Во Србија во последните 24 часа регистрирани се 3.822 новозаразени. Починаа 17 пациенти.

Тестирани биле 14.015 лица. Во болница се 3.693, а на респиратор 163 пациенти.

Во Босна и Херцеговина пак, заразени се нови 1.275, а за 24 часа починале 49 пациенти. Тестирани биле 3.859 примероци.

Во Федерацијата тестирани се 2.536, а 836 биле позитивни. Активни се 18.863. Пријавени се нови 22 смртни случаи, со што вкупниот број порасна на 1.118.

Во Република Српска регистрирани се 387 случаи со корона вирус. Починаа 26 пациенти.

Во Брчко има 52 нови случаи, додека почина еден пациент.

Во Хрватска денеска се забележани 2.866 нови случаи со корона вирус, а активни се 17.090.

На болничко лекување има 1.655 пациенти, додека на респиратор се 184 пациенти. Починаа 38 пациенти или вкупно 1.006.

Во Словенија рекорден број починати во еден ден, дури 41. Направени биле 6.657 тестови, а 1.731 се позитивни на Ковид-19.

Вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 54.116, од кои 19.803 се активни, а вкупно починаа 765.