Рекорден број новозаразени во Русија


 

Во Русија денеска регистриран е рекорден број нови случаи со корона вирус, откако беа потврдени 183.103 позитивни на Ковид-19.

Во последните 24 часа починаа 669 ковид пациенти, со што вкупниот број жртви од корона вирусот се искачи на 337.390.

Од почетокот на пандемијата во Русија од оваа болест забоела повеќе од 13 милиони граѓани.