Реконструкција на пристапната улица кај Билната аптека


Општина Центар ги информира граѓаните и сите учесници во сообраќајот дека во понеделник, 31 мај, ќе започне втората фаза од проектот за реконструкција на коловозните и на пешачките патеки на кракот на улицата „11 Октомври“.

Со претходно изведените градежни активности се уредуваше долниот строј и беше направена демонтажа на старите рабници и постојните бехатон елементи, а во втората фаза ќе биде поставена нова асфалтна површина, нови рабници и нови тротоари на пристапната улица кај Билна аптека и кај паркинг-просторот околу зградите.
Проектот опфаќа реконструкција на површина од 2.000 квадратни метри, а планирани се 2.212.477 денари од Буџетот на Општина Центар за 2021 година.

Поради изведбата на градежните активности целосно ќе бидат затворени пристапната улица кај Билна аптека и кај двете резидентни паркиралишта во периодот од 7 до 16 часот.

Апелираме до граѓаните и до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни поради изведбата на градежните активности.