Реконструирани улиците „Бихаќка“ и „Црниче“


Екипите на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на коловозот и на дел од тротоарите на улиците „Бихаќка“ и „Црниче“, меѓу општините Центар и Кисела Вода.

Оштетениот коловоз е обновен на должина од 810 метри на потегот од крстосницата кај подвозникот, се до улицата „Востаничка“.

За реконструкцијата на овие улици Град Скопје издвоил околу девет милиони денари.

– Во текот на реконструкцијата беше отстранет стариот и оштетен асфалт, беше нанесен нов асфалтен слој и беше обележана хоризонталната сигнализација. Исто така, се реконструирани и дел од оштетените тротоари на овој потег за да се овозможи непречено движење на пешаците, информираат од Град Скопје.