Регистрирани 1.511 нови случаи на Ковид 19, починати се 32 лица


Фото: Б. Грданоски

Во последните 24 часа се направени 4.445 тестирања, а регистрирани се 1.511 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 654, Куманово – 116, Битола – 86, Велес – 68, Прилеп – 64, Тетово – 56, Гостивар – 55, Кавадарци, Штип и Охрид – по 44, Струмица – 38, Гевгелија – 35, Кичево – 25, Неготино -22, Кочани и Радовиш – по 15, Пробиштип – 14, Струга, Свети Николе, Дебар, Берово и Виница – по 11, Валандово – 10, Крива Паланка и Ресен – по 9, Богданци – 7, Македонска Каменица – 5, Кратово и Македонски Брод – по 4, Пехчево и Дојран – по 3, Делчево, Крушево и Демир Капија – по 2, Демир Хисар – 1.

– Регистрирани се 587 оздравени пациенти од: Скопје – 316, Прилеп – 31, Куманово – 26, Велес – 23, Тетово – 22, Кавадарци и Битола – по 18, Гостивар – 17, Неготино -14, Штип, Струмица и Гевгелија – по 13, Крива Паланка – 8, Берово и Крушево – по 6, Кочани, Кичево, Ресен и Пробиштип – по 5, Свети Николе, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Охрид, Радовиш, Виница, Валандово и Демир Капија – по 2, Делчево – 1, соопштија од Министерството за здравство.

Од МЗ информираа дека пријавени се вкупно 32 починати лица: 13 од Скопје (84г,83г,77г,75г,73г,68г,66г,64г, 63г,63г,51г ,42г и 41г), по 2 пациенти од Прилеп (79г и 68г), Куманово (70г и 61г), Гостивар (72г и 69г), Кавадарци (88г и 49г), Штип (84г и 79г), Струмица (86г и 80г) и Неготино (81г и 67г), а по еден пациент е пријавен од Велес (70г), Охрид (79г), Струга (72г), Гевгелија (58г) и Делчево (33г). Триесет пациенти се починати во болнички услови, а двајца во домашни услови.

Направени се 4.445 тестови преку: ИЈЗ-969, ЦЈЗ Скопје-103, ЦЈЗ Битола-119, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-12, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–7, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–79, МАНУ-180, Жан Митрев (Филип Втори)-166, Авицена-415, Биотек-344, Систина-329, лабораторија Лаор-256, Синлаб-67, Ремедика-51, Плодност – 0, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.345.

Досега во земјата се направени вкупно 625.255 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 130.022, бројката на оздравени пациенти е 106.979, на починати е 3.781, а бројот на активни случаи изнесува 19.262.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 58.218, активни 9.654
Прилеп 7.061, активни 1.078
Куманово 6.860, активни 870
Тетово 6.329, активни 611
Гостивар 4.548, активни 489
Велес 4.486, активни 696
Кавадарци 4.451, активни 721
Битола 4.419, активни 745
Штип 4.271, активни 439
Охрид 4.130, активни 750
Струмица 3.254, активни 338
Струга 2.678, активни 225
Кочани 2.244, активни 237
Кичево 2.011, активни 178
Неготино 1.932, активни 395
Гевгелија 1.827, активни 384
Свети Николе 1.267, активни 119
Крива Паланка 1.070, активни 105
Ресен 1.001, активни 159
Радовиш 901, активни 114
Дебар 859, активни 55
Делчево 842, активни 88
Берово 843, активни 117
Пробиштип 695, активни 102
Виница 611, активни 72
Валандово 515, активни 82
Крушево 433, активни 125
Богданци 408, активни 74
Демир Капија 355, активни 81
Кратово 330, активни 28
Демир Хисар 323, активни 41
Македонски Брод 296, активни 31
Пехчево 233, активни 33
Македонска Каменица 208, активни 14
Дојран 113, активни 12.