Регистриран земјотрес во Скопје, епицентарот бил 10 километри источно од градот


 

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека ноќеска бил регистриран земјотрес чиј епицентар бил 10 километри источно од градот.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 1 часот и 10 минути на 1 февруари 2025 година регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 10 км источно од градот Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.5.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во градот Скопје и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, се вели во соопштението до медиумите.