Редовна пролетна дератизација во Општина Аеродром

Општина Аеродром деновиве спроведува редовна пролетна дератизација на ниво на целата територија.
Со дератизацијата се опфатени 3.000 шахти, со 9.000 мамци, како и сите основни училишта и детски градинки.
Есенската и пролетната дератизација претставуваат мерка за заштита на населението од појава и ширење болести што ги пренесуваат глодачите.