Речиси цела Европа е во темноцрвена боја – објавена новата корона-карта


Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) ја ажурираше новата карта за корона. Речиси цела Европа е во иста, темноцрвена боја, а само три земји сè уште не се целосно во најлошата боја.

Картата ги покажува 14-дневните инфекции на 100.000 жители и на тој начин ги рангира регионите на одделни земји според степенот на ризик.

Црвената боја ги означува областите каде бројот на заразени во изминатите 14 дена на 100 илјади лица е 75 до 200, со стапка на позитивни над четири проценти, како и оние каде што стапката на заразени е од 200 до 500. Темно црвените области се оние каде 14 дневната стапка е поголема од 500.

Речиси цела Европа е во темноцрвена боја, со исклучок на поголемиот де од Полска, Романија и дел од Унгарија.