Речиси 6.000 новозаразени во Србија, починаа 62
Во Србија денеска се регистрирани 5.908 новозаболени со Ковид-19, додека од последиците на оваа болест починаа уште 62 пациенти.
На респиратор се 274 пациенти.
Вчера беа регистрирани 5.773 новозаболени, а починати беа 61 пациент.
Од почетокот на епидемијата во Србија тестирани се 6.179.407 примероци, а вирусот е потврден кај 1.104.117.
Поради вакавата загрижувачка состојба од петокот на сила се ковид-пропусници, без кои не моќе да се влезе во дискотеки, кафулиња, ресторани и други угостителски објекти.
Ако комуналната полиција фати некого без кови-порпусница, од денеска може да го казни, со висока парична казна.