Речиси 100 милиони Европејци не можат да си дозволат два месеци без плата
Речиси 100 милиони луѓе во 21 земја на Европската унија немаат доволно заштеди на нивните банкарски сметки за да ги покријат основни трошоци за храна, комунални услуги, изнајмување на стан или хипотека, доколку два месеци останат без плата. Оние кои се родени надвор од ЕУ се особено изложени на ризик. Според тоа, владината поддршка е фундаментална за да им помогне на поединците да ја издржат кризата со Ковид-19, покажува истражувањето што го спроведе бриселскиот институт „Бројгел“.
И покрај државната поддршка, корона кризата ја намали финансиската моќ на домаќинствата низ цела Европа. Милиони лица престанаа да работат или мораа значително да го намалат работното време заради здравствените ограничувања или поради намалената побарувачка.
Колку домаќинства во Европа би можеле да живеат без приходи еден или два месеци е прашањето на кое што во истражувањето се даваат значајни информации и сознанија. Притоа, се користат податоци од истражувањето за финансирањето и потрошувачката на домаќинствата на Европската централна банка што беше направено во 2017 година за да се процени колку лица живеат во ранливи домаќинства меѓу 342 милиони жители во 21 земја: Хрватска, Полска и Унгарија и во земјите на еврозоната освен Шпанија.
„Според нашите проценки, без една плата 29,6 милиони лица не би можеле да си дозволат да се снабдат со неопходните намирници за храна, како и да ги платат основните комунални услуги (без кирии и рати за кредити), односно 8,7 отсто од популацијата која е предмет на истражувањето. Овој број се искачува на 41,6 милиони лица доколку останат без редовните плати два месеци, или 12,2 отсто од популацијата“, се вели во истражувањето.
Со половина плата, односно 50 отсто од бруто примањата од работа, бројот на ранливи лица значително се намалува на 4,4 милиони кои не би можеле да ги подмират потребите за еден месец, односно 5,5 милиони (1,6 отсто) за период од два месеци.
Разликите меѓу земјите се значителни. Во Словенија, Литванија, Латвија и Хрватска повеќе од 8 отсто од поединците не би можеле да ги подмират трошоците со 50 отсто од нивниот бруто приход, додека во Белгија, Австрија, Финска и Малта помалку од 0,5 отсто од поединците се во такви ранливи позиции.
Ситуацијата се менува драстично без две редовни плати. Во таков случај би биле погодени 6 отсто од граѓаните на Малта, оландија и Австрија, и дури 30 отсто од населението на Грција, Словенија, Летонија, Литванија и Хрватска.
Доколку останат без една плата, 17,4 проценти од жителите на ЕУ немаат доволно на нивната сметка во банка за храна и комунални услуги. Без две плати, процентот на оние кои би биле во „егзистенцијална дубиозност“ скокнува на 25 проценти. Дури 70 отсто од населението во Латвија и околу 11 проценти од Холанѓаните немаат доволно заштеди во банка за да поминат два месеци „надвор од платниот список“.
Истражувањето на „Бројгел“ покажува и дека во многу поголем ризик се лицата родени надвор од земјата на живеење, особено оние родени надвор од Европа.
Поединците кои живеат во нивната земја на раѓање имаат 16,3 отсто ризик да не можат да ги покријат основните трошоци ако два месеца останат приход од плата. Ризикот е 24,7 отсто за оние кои се родени на друго место во ЕУ, а 29,6 отсто за оние родени надвор од Европа, се вели во истражувањето.
Поединците родени надвор од ЕУ се изложени на поголем ризик во сите земји, освен во Португалија и Словенија. Покрај тоа, големи мигрантски групи можат да бидат уште повеќе подложни на поголеми шокови поради тоа што многу од нив немаат сигурна работа, како и поради распространетата неформална работа што ги спречува да имаат пристап до социјално осигурување и до евентуалната државна помош.
Во неизвесната економска состојба предизвикана од пандемијата на корона вирус финансиската помош од државата е од клучно значење за милиони Европејци, заклучува институтот „Бројгел“. Сè уште не е јасно колку Брисел ќе им помогне на земјите-членки и нивните жители со економските последици од епидемијата со парите од заедничката европска ризница, заради огромното несогласување околу тоа што точно треба да содржи заедничката финансиска помош.