Реал се пласираше во финалето на Кралскиот куп за прв пат по девет години


Барселона – Реал Мадрид синоќа ја победи Барселона со 4:0 и се пласираше во финалето на Купот на кралот каде ќе игра против Осасуна.

Тимот од Мадрид за прв пат по 9 години избори финале во националниот куп.

Последен пат „Кралевите“ стигна до финалето на купот во 2013/14 година. Тогаш ја совлада Барселона со 2:1 и го освоија трофејот.

Финалето во шпанскиот фудбалски куп помеѓу Реал Мадрид и Осасуна ќе се одигра на 6 мај.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти смета дека неговиот тим заслужено ќе игра во финалето на Купот на Шпанија.

– Имавме одличен натпревар и тоа беше заслужен резултат. Одигравме многу добро во второто полувреме, во многу тежок натпревар. Кога имавме можност создававме опасност при премините од одбрана во напад. Направивме сѐ како што треба, и во напад и во одбрана. Денеска Бензема беше ладнокрвен како и секогаш, изјави Анчелоти, цитиран од „Football Espana“.