Реал Мадрид е највредниот фудбалски бренд во светот трета година по ред
Реал Мадрид е највредниот фудбалски бренд во светот трета година по ред и најсилниот бренд петта година по ред, според податоците од списанието Brand Finance, објави мадридскиот клуб.
Додадено е дека извештајот Football 50-2026 ја проценува вредноста на брендот на Реал Мадрид на 2,4 милијарди евра и резултат на сила од 95,8 од 100.
Вредноста на брендот на Реал Мадрид се зголеми за 25 проценти, поставувајќи нов рекорд од 2,4 милијарди евра.
„Во својот извештај, Brand Finance истакнува дека Реал Мадрид стана првиот фудбалски клуб што надмина две милијарди евра вредност на брендот во повеќе од 20-годишната историја на ова рангирање, откако повторно забележа рекордни приходи од 1,221 милијарди евра во текот на фискалната 2025/26 година. „Впечатливо е што ова е трета година по ред во која клубот ги соборува светските рекорди за приходи од фудбал“, заклучи Реал Мадрид.