Реал ќе го продолжи договорот со Куртоа до 2028 година

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа наскоро ќе го продолжи договорот со клубот, пренесува „Relevo“.
Новиот договор на Белгиецот ќе важи до летото 2028. Клубот ќе направи исклучок за 32-годишниот голман од правилото според кое Реал Мадрид ги продолжува договорите само на една сезона со играчи постари од 30 години.
Куртоа игра за Реал Мадрид од август 2018. Сезонава одигра 43 натпревари во сите натпреварувања, прими 48 гола и ја задржа 14 натпревари мрежата „чиста“.
Актуелниот договор на голманот со мадридскиот клуб истекува во летото 2026 година.