Реакција на Судскиот совет за изборот на Дуковска за кандидат за уставен судија


 

Судскиот совет реагира на информациите презентирани во  јавноста за изборот на судија на Уставниот суд на Македонија  посочувајќи дека од страна на членови на Советот беа предложени тројца кандидати . Бидејќи првиот кандидат ги добил потребните гласови, не се пристапило кон гласање за останатите.

-Согласно чл.98 од Законот , Судскиот совет на Република Северна Македонија од редот на судиите со најмалку 15 години судиски стаж, по претходно утврдена оцена на нивните вкупни резултати во работата и придонесот за развојот на стручната и теоретската мисла и на правниот систем, му предлага на Собранието  двајца кандидати за избор на судии на Уставниот суд. Предлогот од ставот 1 на овој член, Советот го утврдува со најмалку осум гласови од членовите со право на глас, на начин и по постапка определени со деловникот за работа на Советот. На гласање беше ставен првиот предлог за кандидат за избор на судија на Уставниот суд, Елизабета Дуковска, судија на Апелациониот суд Скопје. Со 11 гласа „ЗА„ и два  „ПРОТИВ“, Судскиот совет констатираше дека е утврден предлог за кандидат на Уставен суд од редот на судиите.Со оглед на наведеното, не се пристапи кон гласање за останатите предложени кандидати, стои во реакцијата на Судскиот совет.

Во врска со пласираните информации во јавноста за наводен судир на интерес во Судскиот совет, од ова тело тврдат дека вработувањето на генералниот секретар и на нејзиниот сопруг се извршени пред подолг временски период, односно пред изборот на Весна Дамева за претседател на Судскиот совет.