Разговорите за работа во недела треба да продолжат, велат од Стопанската комора


Стопанската комора на Северна Македонија излезе со став дека по одлуката на Уставниот суд да не поведе постапка за измените на Законот за работните односи во кој беше оспорено работењето во недела, разговорите со Владата треба да продложат.

Целта на разговорите, како што вели во соопштението до медиумите, е да се конципира ново законско решение што ќе биде прифатливо за сите.

„Во моментов, законското решение што е во важност, нема бизнис-логика, а има многу можности за негово прилагодување, кои не се спротивни на Уставот. Притоа ги имаме предвид компаративните искуства од опкружувањето, па дури и од членките на ЕУ, каде што работата во недела не е ограничена на ваков начин како кај нас, а сепак не е спротивна на уставните принципи. Во тој правец ќе дејствуваме и ние во следниот период“, порачуваат од Стопанската комора.