Ратко Радовановиќ и Пау Гасол нови членови на кошаркарската Куќа на славните на ФИБА


Манама – Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) на свечена церемонија во Бахреин прими седум нови членови во своја Куќа на славните, меѓу кои најзвучни имиња се легендарниот југословенски кошаркар Ратко Радовановиќ и двократниот НБА првак, Шпанецот Пау Гасол.
Нови членови на Куќата на славни на ФИБА се и Алфонсо Биле (Брегот на Слонова коска), Ендрју Богут (Австралија), Леонор Борел (Куба), Ел Катиб (Либан), Тиша Пишеиро (Португалија) и Даун Стејли (САД).
Единствениот тренер кој оваа сезона влезе во Куќа на славните е прославениот американски селектор Мајк Кжижевски.