Расте бројот на заразени во Словенија, болниците се полнат брзо


Во Словенија и понатаму владее критична состојба со пандемијата во четвртиот бран од корона вирусот, болниците продолжуваат да се полнат, а во последните 24 часови потврдени се 3.344 нови зарази со Ковид-19, а починаа уште 12 пациенти.

Од 7.615 тестови потврдени се 3.344 инфекции, со висок 43,9 отстотетн удел на позитивни наоди, објави денеска Институтот за јавно здравје. Активни се 37.669.

Просечно во последната недела имаше 3.194 зарази дневно, а 14-дневна инциденција порасна на 1.787, но најмногу загрижува состојбата во болниците, каде има сѐ повеќе пациенти.

Во нив моментално се лекуваат 874 заболени, што е за 240 повеќе од пред седум дена. И бројот на интензивните одделенија исто така расте, па за една ндела зголемен е од 158 на сегашните 187.

Заради тешката епидемиолошка ситуација валдата од понеделникот воведе нови мерки, односно 14-дневно затворање, за да не дојде до колапс на болничкиот систем.

Иако повеќемина посакаа да се вакцинираат заради мерките, сепак вакцинацијата е на пониско ниво од посакуваното, односно 53,4 од целокупното население.