Расте бројот на смртни случаи и во Холандија


Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Холандија се зголеми за 16 отсто, нови 573 лица со што вкупниот број изнесува 4.204, соопштија холандските здравствени власти во дневното ажурирање во неделата.

Бројот на починати во Холандија се зголеми за 43 лица и сега тој изнесува 179. Жртвите се на возраст меѓу 57 и 97 години.