(Во живо) Расправата во Бундестагот за Македонија
Во германскиот Бундестаг тече расправата за резолуцијата за пристапувањето на Македонија во ЕУ што е дел од дебатата за европската перспектива на земјите од Западен Балкан.
Преносот може да го гледате на следниов линк: https://www.bundestag.de/mediathek/live
Резолуцијата за Македонија е на три страници густ текст и плус 13 препораки до владата што треба да направи да го овозможи побрзиот развој на пристапувањето на нашата земја кон ЕУ.
Уште на почетокот на резолуцијата се наведува: „Германскиот Бундестаг ги признава македонската култура, идентитет и јазик. Во Европската нија, која се карактеризира со голема разновидност на јазици и култури, јазиците се составен дел од нашето заедничко културно наследство. Јазичната различност се практикува во повеќејазичноста во програмите и во работата на институциите. Македонскиот јазик и култура дополнително ќе ја збогатат оваа различност. Европската унија го смета зачувувањето и заштитата на ова богатство како една од нејзините најважни задачи“.
Оваа резолуција ја предлагаат парламентарните групи на трите владејачки партии СПД (социјалдемократите), Алијанса 90/Зелените и ФДП (либералите).
Во неа се наведуваа различните фази во односте меѓу двете земји, се потсетува на независноста на Македонија, се споменува спротивставувањето на Бугарија за отворањето преговори со ЕУ и се препорачува да се „направат сите напори“ да се преземе следниот чекор – усвојувањето на уставните измени.
Во препораките до сојузната влада се наведува и дека таа треба „да ја повика Бугарија да го поддржи патот на Северна Македонија кон ЕУ во рамките на постигнатиот компромис со Советот и да се воздржи од дополнителни услови“.