Раперот Тревис Скот уапсен во Париз, се степал со обезбедувањето во луксузен хотел


Париз – Американскиот рапер Тревис Скот, откако присуствувал на полуфиналето во кошарка за мажи на Олимпијадата вчеравечер, денеска е уапсен поради тепачка во хотел со пет ѕвезди во француската престолнина, соопштија надлежните.

„Полицијата била повикана во хотелот ‘Жорж V’ и Тревис Скот е приведен за насилство врз член на обезбедувањето. Вториов интервенирал за да го одвои раперот од неговиот телохранител“, соопшти полицијата во Париз.

Засега не е познато дали 33-годишниот музичар е задржан во притвор.

Раперската ѕвезда, чие вистинско име е Жак Бермон Вебстер II, има две деца со познатата американска „џетсетерка“ Кајли Џенер. Неговиот албум „Utopia“ беше номиниран за најдобар рап-албум на овогодишните „Греми“ награди.

Скот бил уапсен и во Мајами Бич, САД, во јуни поради неовластено влегување и високо ниво на недозволени супстанции во него.