Ранет кандидат за советник во Липково – престрелка пред општинската зграда во Куманово

Престрелка попладнево се случила пред зградата на општина Куманово, а според неофицијални информации ранет е кандидат за советник во Општина Липково, пренесува локалниот портал „Кумановски муабети“.
Според информации од очевидци напаѓачот избегал, иако огромен број полициски слубженици веднаш излегле од зградата на кумановската полиција која се наоѓа на неколку метри од локацијата.