Рамноправноста на жените може да се врати 25 години наназад поради корона вирусот
Пандемијата од корона вирус може да ја уназади рамноправноста на половите за 25 години, покажаа најновите податоци на организацијата UN Women.
Имено, поради последиците од Ковид-19, жените дополнително завршуваат повеќе домашни работи и водат грижа во семејството.
„Може за една година да изгубиме се за што се боревме во последните 25 години“, вели Анита Батиа, заменичка на извршната директорка на UN Women.
Батиа предупредува дека жените поради пандемијата може да страдаат од полошо ментално и физичко здравје и да им се намалат можностите за вработување и образование.
„Поради товарот на грижа кој грото паѓа на жените, ризикуваме на враќање на родните стереотипи од 1950-тите“, вели Батиа.
Жените и пред пандемијата извршуваа околу три честврини неплатена работа
Стручњаците проценуваат дека жените низ целиот свет дури и пред пандемијата секојдневно извршуваа околу три четвртини од 16 милијарди часови неплатената работа. СО други зборови, за секој час неплатена работа на мажите, жените одработиле три. Сега таа бројка е поголема, пишува Би-би-си.
Иако организацијата UN Women во текот на своите 38 истражувања примарно се фокусирала на земјите со понизок или среден доход, податоците важат и за индустриски развиените земји.
„Во САД само во септември со работа престанале околу 865.000 жени, за разлика од 200.000 мажи, што во повеќето случаи може да се објасни со фактот дека товарот на грижа за другите посебно паѓа врз жените“, смета Батиа.
Неплатена и потценета работа
Неплатената работа на жените често ги покрива трошоците за нега, го поддржува стопанстовото и го надокнадува недостигот на социјални услуги, но истовремено ретко официјално е препознаено како работа.
Оние жени кои обавуваат поголем дел од неплатената работа ќе имаат и помалку време за ангажман на платено работно место или дневно ќе работат подолго.
„Не можеме доволно да нагласиме колку е ова проблем и колкаво влијание ќе има ако владите и фирмите не преземат нешто“, предупредува Батиа.
Обединетите нации ги повикуваат властите да го признаат постоењето на неплатената работа и да спроведат мерки како дополнителни слободни денови или држење на градинките отворени.