Рама вечерва ќе обезбедува албанска поддршка за уставните измени?


Средбата на лидерите на политичките партии на Албанците од земјава со премиерот на Албанија, Еди Рама е во тек во во Тирана. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети,на неа  пристигна во придружба на вицепремиерот Артан Груби, кој е главен фактор на сопнување меѓу Ахмети и „Огнената група“. На средбата не се појави лидерот на БЕСА, Билал Касами кој одби да седне на иста маса со Ахмети. Тој најави дека наскоро ќе има тет-а-тет средба со Рама.На средбата присуствува и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, јави „Њуз 24″.

„Тема на средбата е внатрешно-политичката ситуација во Северна Македонија, улогата на албанските партии во надминувањето на ќорсокакот во Македонија за обезбедување мнозинство, бидејќи Собранието мора да направи одредени уставни измени поврзани со напредокот и продолжувањето на процесот на евроинтеграции“, наведува телевизијата „Њуз 24″.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во изјава за ТВ21 рече дека средбата е пријателска и братска. На прашањето за темите за кои ќе се разговара на оваа средба, тој одговори дека ќе ги видат на средбата, но повеќе ќе се фокусира на зајакнување на заедничката стратегија кон заедничкиот европски пат.

„Средбата е пријателска, братска. Ќе ги видиме темите. Сите теми кои се профитабилни…Особено ме интересира градењето и зајакнувањето на заедничката стратегија за приближување кон Европската Унија. Ова е исклучително важна мисија за нашата земја. Зајакнување на мирот, стабилноста и напредокот на економијата“ – рече Ахмети.

 Рама вечерва на својот Фејсбук профил објави фотографија од средбата на која наздравуваат со вино и  порача:Среќна Нова година на сите Албанци, каде и да се. Пораката беше пропратена со хаштагот „Албанско братство“.