Рама: Северот на Косово може да стане Донбас на Балканот


Изгледите за создавање Донбас среде Балканот поради ескалацијата на ситуацијата на северот на Косово е вистинска закана, предупреди албанскиот премиер Еди Рама.

– Сите ние мора да направиме нешто за да го спречиме ова, со промовирање на дијалогот, подигање на високо ниво во Европската унија, со поддршка на САД и јасно ставање до знаење преку НАТО дека КФОР ќе биде таму за да гарантира и воспостави целосен интегритет за какво било нарушување што може да настане поради неодговорна ескалација – рече Рама во вторникот на заедничка пресконференција на НАТО каде присуствуваше и генсекот Јенс Столтенберг, објави Албаниан Пост.

Тој изрази надеж дека ќе надвладее разумот и деескалацијата, бидејќи, како што рече, натамошната ескалација на ситуацијата може да донесе „катастрофален крај“.

– Не сакаме да го видиме крајот на Западен Балкан, бидејќи направивме многу добра работа – рече Рама.