Рама не сака азилантски кампови и со други земји, нуди решение со Западен Балкан
Најголемата германска опозициска партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ) ја поддржува одлуката за префрлање на постапката за доделување азил од Европската унија во трети земји, но високиот функционер на ЦДУ, Торстен Фреј оцени дека земјите од Западен Балкан не се соодветни за ова.
„Според мене, земјите од Западен Балкан не се соодветни за безбедниот модел на трети земји“, изјави шефот на пратеничката група Фрај на 15 октомври во Берлин. Тој нагласи дека пред се, договорот меѓу Рим и Тирана за отворање камп во Албанија за мигрантите кои пристигнуваат во Италија, каде ќе се проверува нивното право на азил, не може да биде модел за Германија.
На 16 октомври, првиот брод на италијанската морнарица се закотви во албанското јадранско пристаниште Шенѓин со 16 мигранти, Египќани и Бангладешци кои успеаја да стигнат до италијанскиот остров Лампедуза преку Медитеранот. Поради овој договор Фрај остро ја критикуваше Албанија, но пред се Италија. Тој рече дека Италија формално се обврзала да ги депортира мигрантите чии барања за азил се одбиени во нивните матични земји, објави Ројтерс.
„Но, Албанија нема да се грижи за тоа и Албанија едноставно ќе ги отвори портите за тие луѓе“, рече Фрај, додавајќи дека Италија нема да се труди да ги врати мигрантите во земјите од кои дошле. А, одбиените баратели на азил, според него, нема да го преминат Јадранот кон Италија, туку ќе се упатат кон Германија преку западнобалканската рута. Тој оцени дека затоа одлуката за преместување на постапката за азил во земјите од Западен Балкан не е опција за Германија. Тој оцени дека можни трети земји треба да бидат земји надвор од Европа.
Италија, додаде тој, веќе го прекршува правото на ЕУ, бидејќи одбива да ги примени правилата од Даблин и да прифаќа мигранти за кои процедурата за азил ќе треба да се спроведе во самата Италија, како земја каде што првпат пристигнале.
Реализацијата на договорот меѓу Италија и Албанија будно ја следат и другите земји од Европската унија, а интерес пројавила и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
На 15 октомври, премиерот на Италија, Џорџо Мелони, во италијанскиот Сенат, го пофали договорот што нејзината десничарска влада го постигна со Албанија, наведувајќи дека тоа може да биде модел за склучување повремени договори со други земји-членки на ЕУ.
„Италија даде добар пример со потпишувањето на италијанско-албанскиот протокол за обработка на барањата за азил на албанска територија, но под јурисдикција на Италија и ЕУ“, рече Мелони.
Таа рече дека двата бегалски центри предвидени со договорот, во Шењин и селото и поранешната воздухопловна база на Ѓадер, на северот на Албанија, сега се подготвени и оперативни. Како што претходно соопшти италијанската влада, во нив ќе бидат сместени само машки мигранти од земји кои Италија ги смета за безбедни земји.
Двата центри се практично италијански бегалски кампови на албанска територија, а според италијанскиот печат, владата во Рим за нив во следните пет години ќе одвои околу 670 милиони евра.
„Тоа е нов, храбар и невиден пат, кој совршено го отсликува европскиот дух и кој содржи се што е потребно да се повтори со другите членки кои не се членки на ЕУ“, рече Мелони.
Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за германската медиумска компанија ИПЕН МЕДИА изјави дека е за сеопфатен договор меѓу Западен Балкан и целата ЕУ за илегалната миграција, кој досега не е постигнат.
„Ова е неопходно за да се спречат поделбите во дебатата за миграцијата, а на Германија особено и се потребни опции за редовна миграција, заради работните места и благосостојбата“, рече Рама.
Тој рече дека задачата на Италија е да ги носи мигрантите во Албанија со бродови и дека е одговорна и за нивна регистрација и обезбедување на неопходните работи, како и за конечната одлука за нивниот статус.
Запрашан како треба да изгледа депортацијата на одбиените бегалци, Рама рече дека идејата на проектот е да се „испрати сигнал до мигрантите кои немаат шанса однапред да добијат азил што ќе ги одврати од преминување“ преку Медитеранот. Рама претходно изјави дека други членки на ЕУ му пристапиле со барање да отвори слични бегалски кампови во Албанија, но тој ги одбил и направил исклучок само за Италија.
Активистите за заштита на човековите права силно го критикуваа италијанскиот проект, нарекувајќи го „италијански Гвантанамо“, по американската затворска база во Куба. Активистите, исто така, се сомневаа во законитоста на италијанскиот план.
Европскиот суд на правдата (ЕСП) претходно изрази сомнеж за законитоста, бидејќи само земја во која на бегалецот не му се заканува прогон или тортура може да се смета за безбедна земја на потекло, а дури 15 од 22 земји кои Италија ги оквалификува како безбедни не го исполнуваат тој услов, пишува агенција ДПА.