Рама му порача на Баша: Автобусот од јуни го пропушти, немој и возот во 2021
Албанскиот премиер Еди Рама во реакција по синоќешниот петти по ред голем протест на обединетата опозиција ја повтори поканата за дијалог до лидерот на опозициската Демократска партија Љуљзим Баша, но со за него препознатливата, доза на иронија.
Имено, јасно му порача на Баша велејќи дека „автобусот од овој јуни го пропушти, немој да го загубиш и возот за изборите во 2021“.
-Маршевите за уривање на Владата со каписли се празни игри кои не водат никаде. Повторно почит за државната полиција со таксиратот што ја снајде. И една порака за Љ.Б.(Љуљзим Баша): Оставете ги капислите! Овој јуни го пропушти автобусот, немој да го пропуштите и возот во јуни 2021 година. Кога ќе разговараме?, напиша Рама на социјалните мрежи.
Баша претходно му порача дека може да разговара со секого но не и со „балканскиот Мадуро“, како што го нарекува Рама.
-Нема сила која ќе не натера да преговараме со злото. Злото ќе си оди за да ја отвори Албанија, како цела Европа. Со огромна одлучност ја продолжуваме оваа наша битка за Албанја како цела Европа, порача меѓу другото Баша од синоќешниот протест.