Рама: Мета е непријател на Уставот, Парламентот, народот, Албанија затоа треба да се разреши


На пленараната седница на албанскиот Парламент на која на дневен ред е формирање анкетна комисија која треба да испита дали претседателот Илир Мета го прекршил Уставот со уредбата за одлагање на локалните избори, се обрати и премиерот Еди Рама.

Со многу остри тонови полни со иронија за шефот на државата, Рама, од собраниската говорница обвини дека „претседателот не само што до крај си поигрувал со огнот, туку ја прелеал чашата“. Затоа додаде тој, Парламентт е обврзан да го разреши овој човек.

– Мета е докажан непријател на Уставот и Парламентот, кого го нарекува нелегитимен, на народот и на Албанија. Не еднаш, туку повеќепати, го прекрши Уставот обидувајќи се да предизвика дестабилизација. Работи според наредбите на гледачката на кафе (Моника Круемади, лидерка на ЛСИ и сопруга на Мета) и актерот Лули (Љуљзим Баша, лидер на ПД). Со неговите изјави не засрами пред меѓународниот фактор. Со однесувањето се надмина себе си, а на нашето трпение му дојде крајот. Затоа овој човек треба да се разреши, рече меѓу другото Рама.

Тој се задржа и на локалните избор одржан на 30 јуни.

– Добивме повисок процент од гласовите од победничката коалиција на изборите во 2015 година. Имавме најголем број гласови за кандидатите во трката за градоначалници, каде што во половина од општините немаше противници, во споредба со кандидатите кога бевме со ЛСИ во коалиција. За да го прочитате како отфрлање од народот нормалниот процент на овие бомбардирани избори значи да не се разбирате што следува, рече Рама.

Опозицијата вечерва во 20 часот ќе го одржи десеттиот масовен протест и ќе го повтори барањето за негово разрешување, премиерот ја „предизвика“, велејќи дека опозицијата нема дојде на власт дури и во 2021 година.

– Оваа позиција има нула шанса да се врати на победа на изборите во 2021 година. Нема ништо полошо од губитниците кои делуваат како победници, додаде Рама.