Рама категоричен: Не давам оставка


Албанија– Албанскиот премиер Еди Рама категоричен во својот став дека нема да даде оставка од премиерската функција.

На денешната срдба со кандидатите за градоначалници на 61 општина рече дека од власт може да си оди единствено ако тоа од него го побараат оние кои го гласале а не по барање на опозицијата.

– Власта не е цел, туку моќ, тоа е обврска што другите ти ја довериле. Од оваа должност си заминувате само тогаш кога од Вас ќе побараат оние кои ви ја довериле таа задача, со гласање, на избори или како претставници на народот во Собранието. Не мислам дека сум непогрешлив, или дека не сум направил грешка. Не, воопшто не си одам од оваа задача, бидејќи во секоја насока започната со вас и сите кои ни веруваат и не поддржуваат нема да ги оставиме на сред пат. Јас живеам и секојдневно се борам со убедување дека власта е привилегија за да му служиш на народот,рече Рама.

Тој го обвини лидерот на опозициските демократи,Љуљзим Баша,дека сака власта да ја земе насилно а не со гласови и упати предупредување до секој кој ќе се обиде да ги попречи изборите на 30 јуни.

– Кој и да пристапи со лоша намера на избирачко место, самиот ќе гори, а не изборите. Оние што ќе бидат обвинети за ова кривично дело можат да се најдат на црната листа на осудени за изборен криминал и засекогаш да го изгубат правото за влез во САД и земјите од ЕУ,предупреди Рама.

Според него изборниот тек на секое избирачко место ќе биде документиран со видео и аудио снимка и фотографија и оти, не Владата туку секој надлежен сектор ќе ја врши својата работа во правец на обезбедување на мирен и демократски изборен процес.