Рама ги нарече „најголеми загадувачи на плажите“ туристите Албанци од Македонија, Косово и Албанија

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изрази критики кон туристите Албанци од Албанија, Косово и Македонија, нарекувајќи ги „најголеми загадувачи“ на плажите, иако се претставуваат како најпатриотски.
Рама истакна дека не туристите кои зборуваат англиски, шпански или италијански, туку оние кои зборуваат албански – „кои сакаат да одат во војна“ со Србија на стадионите – се најголеми загадувачи на плажите.
Премиерот додаде дека планира и забрана на музиката „талава“ во плажните барови, како дел од мерките за подобрување на животната средина и туристичката култура.т.