Ракот најчеста причина за смртта во Австрија


Во Австрија минатата година починаа повеќе од 83.000 лица, а најчеста причина за смртта е заболување од рак.

Од вкупниот број починати, 43.000 се жени, а 40.000 мажи.

Ракот е најчеста причина за смрт кај жените и мажите, а кај останатите причинители постојат разлики. Мажите почесто умираат од инфаркт, како и од последици од алкохол или наркотици.

Од друга страна, пак, жените често заболуваат од деменција.

Мажите исто така се издвојуваат и по бројот на самоубиства, дури трипати повеќе од жените.