Ракометарите се подготвуваат за Турција и Грција
На списокот на тренерот Данило Брестовац се наоѓаат 22 ракометари, кои ќе бидат во трка за 16 места, кои ќе ја сочинуваат репрезентацијата на натпреварите со Турција и Грција.
На првиот собир на ракометарите, отсуствуваше Кире Лазаров, кој синоќа доцна го одигра последниот натпревар на француското првенство со тимот на Нант, а Филип Талески се очекува утре да се приклучи на групата, бидејќи вечерва ќе го одигра последниот натпревар во германската Бундеслига.
Следното европско првенство се одржува следната година, а домаќини ќе бидат три европски држави Шведска, Норвешка и Австрија.