Ракетен пораст на новозаболени во Македонија – 2.269

Вкупно почнаа 24 лица (13 во последните 24 часа и уште 11 од „Мој термин“). Бројот на активни случаи изнесува 17.218


 
Пандемијата и Омикрон сојот незапирливо се шират и во Македонија – дневните бројки на нови инфекции за прв пат надминаа две илјади. Во последниве 24 часа има 2.269 нови случаи на корона вирусот од 7.038 тестови. Тоа значи дека процентот на позитивни примероци изнесува 32,2 отсто. 
Голема е бројката и на починати лица – во последните 24 часа има 13 смртни случаи, а се пријавени уште 11 чица од регистерот на „Мој термин“. Тоа значи, вкупно 24 смртни случаи.
Вообичаено, најголем број случаи има во Скопје – 1.169, потоа во Битола – 183, Прилеп – 165, Куманово – 88, Кавадарци – 56, Гевгелија – 48, Охрид – 44, Тетово – 43, Струмица – 35, Кочани – 34, Гостивар, Велес и Кичево – по 33…Од вкупниот број позитивни регистрирани се 310 реинфекции. Регистрирани сe 1.420 оздравени пациенти.

Од починатите петмина се од Скопје (64, 66, 68, 79 и 82), тројца од Струмица (58, 61 и 66), двајца од Кавадарци (52 и 87) и по едно починато лице од Куманово (73), Струга (77) и Охрид (54). Починатите лица од „Мој термин“ се од Гевгелија (4), Струмица (2), Струга (2), Кичево (2) и Богданци (1). Тие починале во период од 03-16.01.2022. Починатите се на возраст од 47 до 87 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 247.663, бројот на оздравени пациенти е 222.306, на починати е 8.139, а бројот на активни случаи изнесува 17.218.