Радев повика на разум: Шампиони сме по кризи, ни треба влада


„Ние веќе сме шампиони по секакви кризи, но очекувам дека навистина ќе има повеќе разум. Јасно е во каква ситуација е државата и сите политичари се свесни за тоа и каква е ситуацијата околу нас за да имаме работно решение, а не да одиме кон нови избори, бидејќи партиите како да забораваат на нивната главна задача, а тоа е откако ќе направи мнозинство да имаме влада“, рече бугарскиот претседател Румен Радев во врска со кризата со изборот на претседател на Народното собрание и неможноста парламентот да функционира.

Бугарскиот претседателот упати и остри критики за нацрт-буџетот и планираните кратења на средствата за армијата.

„Знаете дека долго време не повикувам на итни, туку на многу итни мерки за бугарската армија, бидејќи таа останува без луѓе. Прашањето за идните офицери исто така е особено загрижувачко. Има многу малку кандидати за дипломирање, да не зборувам за воениот персонал. Очекувам и народното собрание и владата да си ги исполнат обврските ветувањето како што е предвидено со закон за зголемување на платите од 1 јануари, бидејќи не можеме да си дозволиме да продолжиме со овој одлив од армијата со целата ситуација на неизвесност околу нас“, додаде Румен Радев.

Според него, Бугарија мора да има силна, способна армија на која може да се потпре.