Раде Шербеџија доби петто внуче, неговата ќерка Нина роди син


Фото: Ж.Копролчец

Раде Шербеџија го доби петтото внуче. Како што пишува српски Курир, неговата ќерка Нина, сопругата на српскиот актер Филип Ѓуриќ, во саботата родила син, а таа и бебето се одлично.

Нина и Филип се запознаа во 2014 година, а почнаа да се забавуваат во 2018 година. Во јули 2023 година, тие се венчаа во Нови Сад, каде што живеат и работат. Нина носеше долга, луксузна венчаница, а Раде ја донесе до олтарот.

 

Една од фотографиите од венчавката, на која актерот ја држи за рака својата ќерка Нина, стана вирална на социјалните мрежи.

Раде покрај Нина ги има и ќерките Милица и Вања од бракот со Ленка Удовички, а синот Данило и ќерката Луција од првиот брак со Иванка Церовац.